Резултати од пребарувањето за: hope
Римјаните 15:13 (MK2006)
А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува.
Римјаните 5:5 (MK2006)
Надежта пак, не посрамотува. Зашто љубовта Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух.
Римјаните 5:3 (MK2006)
Но не само тоа, туку се гордееме и со маките, знаејќи дека од маката се раѓа трпението;
Римјаните 5:4 (MK2006)
од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж.
Римјаните 12:12 (MK2006)
радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани;
Евреите 11:1 (MK2006)
А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме – убеденост во она што не се гледа.
1 Коринтјаните 13:13 (MK2006)
А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.
Еремија 29:11 (MK2006)
Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.
Римјаните 8:28 (MK2006)
А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро;
Исаија 40:31 (MK2006)
а оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат.
2 Коринтјаните 4:18 (MK2006)
зашто ние не целиме кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото – вечно.
1 Коринтјаните 13:7 (MK2006)
сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ поднесува.
Римјаните 8:18 (MK2006)
Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.
Јован 16:33 (MK2006)
Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот.“
Римјаните 8:26 (MK2006)
Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување.
Псалми 27:14 (MK2006)
Надевај се во Господ, биди бодар; нека е цврсто срцето твое; надевај се во Господ!
Еремија 29:13 (MK2006)
ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сѐ срце.
Римјаните 8:24 (MK2006)
Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа?
Римјаните 8:25 (MK2006)
Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме.
Евреите 6:19 (MK2006)
а која е за нашата душа цврста и сигурна котва, и кој влегува дури зад завесата,
Римјаните 15:4 (MK2006)
А сѐ што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж.
Евреите 10:23 (MK2006)
И да го држиме исповеданието на надежта цврсто, зашто верен е Оној Кој се заветувал.
Римјаните 5:2 (MK2006)
Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се гордееме со надежта во славата Божја.
Исаија 41:10 (MK2006)
Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победоносна десница.“
Псалми 42:11 (MK2006)
Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи Него јас пак ќе Го прославувам, мојот Помошник, мојот Бог.