Резултати од пребарувањето за: grace
Ефесјаните 2:8 (MK2006)
Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји!
2 Коринтјаните 12:9 (MK2006)
Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова.
Ефесјаните 2:9 (MK2006)
Не е од дела, за да не се пофали некој.
Евреите 4:16 (MK2006)
И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.
Ефесјаните 2:10 (MK2006)
Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив.
Римјаните 3:23 (MK2006)
сите згрешија и лишени се од славата Божја.
1 Петар 5:10 (MK2006)
А Бог на секоја благодат, Кој ве повика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко страдање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи.
Римјаните 5:8 (MK2006)
Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни.
Римјаните 8:1 (MK2006)
И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос .
Римјаните 12:3 (MK2006)
Зашто, заради благодатта што ми е мене дадена, на секого од вас му кажувам да нема за себе повисоко мислење отколку што треба да има; туку нека има за себе поскромно мислење за да расудува според мерката на верата што Бог на секого му ја одмерил.
Ефесјаните 2:5 (MK2006)
иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христос
Тит 2:11 (MK2006)
Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе.
Тит 2:12 (MK2006)
Таа нѐ учи да ги отфрлиме нечесноста и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век,
Ефесјаните 2:4 (MK2006)
Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ засака,
Римјаните 3:24 (MK2006)
Но ќе бидат оправдани преку дар, со Божјата благодат, а преку откупот во Исус Христос.
2 Коринтјаните 12:10 (MK2006)
Затоа уживам во слабости, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.
Римјаните 5:20 (MK2006)
А притоа дојде и Законот за да се наголеми престапот. Каде што, пак, се намножи гревот, таму благодатта се јавува во голема изобилност,
2 Тимотеј 1:9 (MK2006)
Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња,
Ефесјаните 1:7 (MK2006)
во Кого имаме откуп преку Неговата крв, простување на гревовите по богатството на Неговата благодат.
Ефесјаните 2:7 (MK2006)
за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христос Исус.
1 Коринтјаните 15:10 (MK2006)
Со благодатта на Бога сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во мене, не беше напразна, но повеќе се потрудив од сите нив; само не јас, туку Божјата благодат, која е со мене.
Јован 1:16 (MK2006)
И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;
Јаков 4:6 (MK2006)
Но Тој дава поголема благодат; затоа е речено: „Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
Ефесјаните 2:6 (MK2006)
и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус,
Римјаните 5:2 (MK2006)
Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се гордееме со надежта во славата Божја.