Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Адвент: Христос доаѓа!Примерок

Advent: Christ Is Coming!

1 ДЕН ОД 91

Исчекувањето е 4-неделна сезона која се слави низ целиот свет. Тоа е време за да ги подготвиме нашите срца да го пречекаме нашиот Спасител, пророкуваниот Месија. Тоа е време за размислување и нашите деца да ги учиме за раѓањето, животот, смртта и воскресението на Исус. Нека оваа сезона ги привлече нашите срца во минатото, за да размислуваме за она што се случило и да нè поттикне и во новата година да го очекуваме и бидеме подготвени за Неговото следно славно појавување!

ЗАПАЛИ ЈА СВЕЌАТА

Го очекуваме Месијата!
Објаснете му го исчекувањето на вашето семејство и секојдневно одвојте време за тоа. Направете 25 засеци на висока свеќа и напишете ги броевите 1-25 (со водоотпорен маркер) до секоја засек. Запалете ја свеќата секојпат кога секојдневно поединечно или како семејство го отворате Божјиот Збор и нека секоја вечер гори по еден дел од свеќата.

ПРОЧИТАЈ ГО СТИХОТ

Божјиот завет со созданието и човекот
Битие 1:27-28, 2:16-17 и Еремија 33:19-22

ОБОЖАВАЈ ГО

Обожавај го со својот живот
Бог секогаш го исполнува ветувањето на Својот завет. Неговото Слово е верно. Дали му верувате?
Обрни внимание на твоите зборови. Дали ги исполнуваш твоите ветувања?
Дали го кажуваш тоа што го мислиш и го мислиш тоа што го кажуваш?

Обожавај го со молитва
Користи го Писмото за да го обожаваш, да се исповедаш, да го славиш и да му благодариш на Бог.

Обожавај го со песна
Пеј: „Сите созданија на нашиот Бог и Крал“.
Ден 2

Опис за овој план

Advent: Christ Is Coming!

Овие написи за исчекувањето, подготвени од Thistlebend службата се за семејствата и поединците - да ни помогнат да ги подготвиме нашите срца за да го славиме Месијата. Посебен нагласок е даден на она што Христовото доаѓање значи за нашите животи денес. Дизајниран е за да биде започнат на 1 декември. Нека користењето на овој план за читање во твоето семејство создаде убави сеќавања, додека размислувате за Татковата верна и заветна љубов за секој од вас.

More

Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја страната: www.thistlebendministries.org