Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Не помирувај се со безбеднотоПримерок

Don't Settle For Safe

1 ДЕН ОД 3

Нема веќе изговори


Повеќето луѓе што се борат да се ослободат од своите стравови се соочиле со разочарување толку големо што го заразува со токсичната анксиозност на неуспехот секој сон што се раѓа во нив. Кога вашиот ум e заглавен во „што ако,” тука нема простор за вера. Да го живееме животот спремни за најлошите можни исходи е како да живееме во кафез—тоа не е слобода. По некое време, ќе ја забележите разликата помеѓу заштитувањето на вашето срце и неговото ограничување. Ќе научите како да престанете да се наговарате себеси да не ги правите добрите работи што Бог им ги ветил на сите што живеат според Неговата цел.


Ти, пријателе што се бориш да опстанеш, нема да се помириш со живот диктиран од неизвесност или претходни искуства. Ти имаш пристап до моќ којашто може да работи во тебе и да те ослободи од секакво психичко и емотивно ограничување коешто те убедува дека подобар живот не ти е на дофат. Не можеме да ја разбереме и изразиме таа сила ако истовремено се држиме до нашите изговори. Твоето срце, ум и раце мора да бидат ослободени за да го прифатат она што е пред тебе.


Ослободувањето од изговорите е дисциплина што се вежба со нашите мисли, комуникација и постапки. Има простор само за јазик што кажува: Јас можам! Растот се случува кога ќе се соочиме со нашите лични искуства и начинот на којшто нè промениле. Ти можеш да креираш нова шема и да продолжиш понатаму одлучно како никогаш до сега, но мора да научиш што е она што те спречило во минатото. Доколку предизвикот да заздравиш и да станеш исполнет бил поставен од други луѓе, тогаш на твоето патешествие ти секогаш ќе бараш одобрување пред да напредуваш.


Не дозволувај твојата судбина да биде одредена од некоја демократија. Твојот најблизок круг на луѓе можеби нема да знае да те поучи како да го излечиш скршеното срце или, уште полошо, можеби ќе им треба присуството на твојата мизерија за да им го одвлече вниманието од нивната сопствена потреба за заздравување. Избегни го искушението твоето заздравување да зависи од одобрувањето и потврдувањето на другите луѓе.


Мостот помеѓу она што си бил порано и она што Бог го одредил да бидеш е соѕидан со ранливост, понизност силна како малтер, според план толку совршен, што работите коишто некогаш те повредиле ќе служат за да те направат подобар. Твојата желба да ги отфрлиш изговорите и ветувањето дека ќе продолжиш понатаму се првата цигла, но има уште незавршена работа.


Ден 2

Опис за овој план

Don't Settle For Safe

Доколку не се соочите со гласовите на несигурност, двоумење и страв, тие ќе го диктираат вашиот живот. Овие гласови не можете да ги стишите, ниту пак да ги игнорирате. Во овој тридневен план, Сара Џејкс Робертс ви покажу...

More

Би сакале да им се заблагодариме на Сара Џејкс Робертс и Томас Нелсон што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја: https://bit.ly/YV-DontSettleforSafe

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност