Да им се прости на оние што нѐ повредуваатПримерок

Дар за простување
Многумина од нас живеат со неразрешени конфликти, лоша комуникација и меѓусебни проблеми. Но, постои голема надеж! Бог ја создал црквата да биде место за собир на верници што живеат во меѓусебен мир. Во оваа глава, верниците добиваат инструкции да „бидат љубезни . . . Со меко срце и да простуваат.” Насоката да се биде љубезен и со меко срце е поддржана преку командата да се простува. Простувањето е подарок што им го даваме на другите, пожртвуван стил на живеење преку кој ги ослободуваме другите од одговорноста за нивните навреди насочени спрема нас. Ние сме способни да простуваме поради тоа што Бог го даде својот Син да ги покрие сите наши гревови; Бог ја плати сметката. Ние пристапуваме до дарот од Божјото жртвување на Христос кога им простуваме на другите.
Мотивацијата за овој прогрес во љубов не проникнува од нашите срца, туку доаѓа од Бог и од она што Тој го направи преку Христос за да ни прости. Долгот мора да се плати за гревовите што се направени. Сепак, веруваме дека Божјата милост ќе ја плати цената кога ги ослободуваме од одговорност оние што ни згрешиле. Ова дејствува ослободувачки во нашите животи. Не тера да уживаме во слобода и хармонија со другите! Замислете ја слободата и добрата волја што би ја искусиле доколку сите врски би ни биле карактеризирани со целосно и безплатно простување. Нашето заедништво како верници е одржувано и зајакнато преку негување на љубезност, меко срце и опростување.
Свето Писмо
Опис за овој план

Независно дали страдаме од емоционална или физичка повреда, простувањето е столб во Христијанскиот живот. Исус Христос ги искуси сите видови на нефер и неправеден третман, дури до точка на погрешна смрт. Сепак, во неговиот финален час, тој му прости на крадецот што се подбиваше на другиот крст, како и на извршителите.
More
Слични Планови

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

Библија за деца

Живеј со сила и храброст!

Живеј живот со цел!

Твојата најдобра инвестиција!

Отстапи го на Бога првото место

Пет молитви на понизност

Што е вистинска љубов?

божиќ о, дојдете да го прославиме!
