Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Момент на пресврт во зависностаПримерок

A U-Turn From Addiction

2 ДЕН ОД 3

Една од причините зошто луѓето остануваат заглавени со зависноста е тоа што ги заосноваат нивните мисли на лаги. Една огромна лага која придонесува на зависноста е тоа дека можеш да ги поправиш телесните проблеми со решенија од телесна природа, затоа Павле во 2 Коринтијаните 10 вели дека ние не војуваме телесна војна. Не постои телесно решение кое може да ги поправи телесните проблеми, можеш да се обидеш само да управуваш со телесното, што можеби ќе функционира некое време, но никогаш нема да можеш да ги поправиш проблемите на гревот со лекови од телесна природа. Првото нешто што мораш да го сториш е да ја побараш вистината во Божјиот збор, бидејки Неговата вистина има моќ да ослободува. Неговата вистина надминува сѐ и дава живот, Неговата вистина ги разоткрива лагите кои те врзувале и предизвикале да страдаш, заглавен во својот грев и последиците од него.



Да се ослободиш од тврдината на гревот со своја сила и напор може да се спореди со тоа кога твојата баба сака да ги испере алиштата рачно. Ќе помине многу долго време за да се заврши таа работа, за на крај, алиштата да не бидат доволно чисти земајки го во предвид вложениот напор. Алиштата дури малку ќе се оштетат и баба ти ќе биде изморена, со болки во телото и изнервирана. Бог ни овозможи решение за нашите гревови преку очистување на гревовите, преку спасението од моментот кога го испратил Својот Син на земјата. Жртвата која Исус ја направи ни дава пристап до моќта на Духот кој ни овозможува да ја распознаваме и да ја примиме вистината (Јован 16:7-11). Духот ни помага да го правиме тоа што Исус ни го кажа во Јован 8, да “придржувајте се до Мојот збор“. Зборот “придржиме“ значи да издржиме—да останеме. Значи не само да ја знаеме вистината туку мора и да се придржуваме до неа.



Колку биле успешни твоите телесни напори во надминување на твојата зависност? Кој пристап е подобар за решавање на зависноста?


Ден 1Ден 3

Опис за овој план

A U-Turn From Addiction

Кога животот е неусогласен со Божјиот Збор, скоро сигурно е дека ќе има болни последици. Многумина се бореле за своето здравје, со загубени работни позиции и врски, наоѓајки се себеси оддалечени од Бог поради нивните зав...

More

Би сакале да се заблагодариме на Д Урбан Алтернатив (Тони Еванс) што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://tonyevans.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност