Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Дела на покајаниеПримерок

Acts of Repentance

5 ДЕН ОД 5

Господ го прати својот единороден син Исус на земјата со единствена цел: да ни даде нов живот. Во Лука, 5-та глава, 27-32 стих, Исус ја прераскажува својата мисија на овој начин: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Не дојдов да ги повикам праведните, туку грешниците на покајание“. Христос дојде за грешниците како мене и тебе да можат да имаат нов живот преку покајание и Негово простување. Нашите животи се засекогаш променети кога се покајуваме и го бараме Неговото простување. Христовата мисија е и наша мисија. Повикани сме да не им сведочиме на праведните, туку на тие кои се изгубени и кои имаат потреба од покајание. Ако искрено си се покајал од твоите гревови и Господ ти ги простил твоите гревови, тогаш имаш приказна која можеш да ја раскажуваш на тие кои имаат потреба од покајание. Твојата животна промена може да направи промена во нечиј друг живот. Кого познаваш на кој му е потребно покајание и Божја прошка? Како може твојата приказна за Божјото простување да помогне некому да дојде до покајание?

Свето Писмо

Ден 4

Опис за овој план

Acts of Repentance

Покајанието е една од клучните акции која ние сите ја правиме за да Го запознаеме Христос како наш личен Спасител. Покајанието е наша акција а простувањето е Божјата реакција кон нас, која произлегува од Неговата совршен...

More

We would like to thank Life.Church for providing this plan. For more information, please visit: www.life.church

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност