Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

ИСУС ЦАРОТ: Велигденско библиско читање од Тимоти КелерПримерок

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

4 ДЕН ОД 9

„Бесправна иницијатива“



„Да, Гос­поди! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“ И ѝ рече: „За ова што го рече – мо­жеш да си одиш! Демонот излезе од ќерка ти.“ И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.

(Марко 7: 28-30)



Со други зборови таа вели: „Да Господи и кученцата јадат од таа маса исто така, а јас сум овде за моето.“ Исус ѝ кажа една приказна во која ѝ даде една комбинација на предизвик и понуда, а таа ги прифати. На предизвикот таа одговара: „Во ред, разбирам. Не сум од Израел, не го славам истиот Бог Кој го слават Израелците. Според тоа, немам место на масата. Го прифаќам тоа.“



Зарем не е прекрасно? Таа не се навредува, не си ги бара своите права. Таа вели: „Во ред, можеби немам место на масата - но на масата има повеќе од доволно за секого на овој свет, а мене ми треба моето сега.“ Таа се бори со Исус на еден почитувачки начин и таа нема да прифати не како одговор. Го сакам она што оваа жена го прави.



Во западната култура немаме ваков вид на иницијатива. Ние имаме само нагласување на нашите права. Ние не знаеме како да побараме доколку не се работи за нашите права, барајќи во име на нашето достоинство, велејќи: „Јас ова го заслужувам.“ Но оваа жена не го прави тоа воопшто. Ова е таа бесправна иницијатива, нешто за кое знаеме многу малку. Таа не вели: „Господи, дај ми го тоа што го заслужувам врз основа на мојата добрина.“ Таа вели: „Дај ми го она што не го заслужувам врз основа на Твојата добрина - а кое ми е потребно сега.“ Зарем не е извонредно тоа што оваа жена го препознава и прифаќа и предизвикот и скриената понуда во него?



Еден добар превод на одговорот на Исус на тоа што го кажа оваа жена би бил „Каков одговор!“ Некои од преведувачите вака ги превеле зборовите на Исус: „Прекрасен одговор, неверојатен одговор.“ И така нејзината молба беше услишена и нејзината ќерка оздраве.



Како верата на оваа нееврејка ќе влијае на начинот на кој Му пристапуваш на Бог?



Извадоци од ИСУС ЦАРОТ од Тимоти Келер

Отпечатено со дозвола од Riverhead Books, член на Penguin Group (USA) LLC, A Penguin Random House Company. Copyright © 2011 by Timothy Keller



Исто така од ИСУС ЦАРОТ Водич за проучување од Тимоти Келер и Спенс Шелтон, Copyright (c) 2015 by Zondervan, a division of HarperCollins Christian Publishers.

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

Најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“ и познат пастор Тимоти Келер споделува една серија на епизоди од животот на Исус како што се раскажани во книгата Евангелие по Марко. Гледајќи ги одблизу овие приказни, тој дава нов...

More

Извадоци од книга издадена од Riverhead Books, членка на Penguin Random House, водич за проучување издаден од Harper Collins Christian Publishers. За повеќе информации посетете ја страницата http://www.penguin.com/book/jesus-the-king-by-timothy-keller/9781594486661 или http://www.zondervan.com/jesus-the-king-study-guide

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност