Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Во Нашето Место: Посветеност на Велигденскиот Пост од “Time of Grace“Примерок

In Our Place: Lenten Devotions

12 ДЕН ОД 14

Ти си бесмртен

Во човековата природа е да се земаат битните работи здраво за готово, не е тоа? Кога ти патуваш со твојата кола и одеднаш забележуваш светли црвени задни светла пред тебе, не ни размислуваш, "Се прашувам дали законите на триење ќе се применат денес?". Ти веднаш ги притискаш кочниците. Или кога стануваш наутро, не се прашуваш, "Можно е да е ова денот кога гравитацијата на планетата ќе престане и јас лебдејќи ќе залутам во вселената" Ти само зачекоруваш и претпоставуваш дека твоите стапала ќе се залепат за подот. Ние се стремиме да не обрнуваме внимание на универзалните принципи кои го ги држат нашите животи заедно. Но што ако Велигден не се имаше случено?

Ако Христос немал воскреснато, се што мислиш дека знаеш за Христијанството почнува да попушта и да се урива, како објект без основа во бура. Ако Христос немал воскреснато, ова е најстрашното од се: Твоите гревови остануваат непростени и тебе ќе ти биде судено за нив. Тие кои го завршиле својот живот со вера во Исус се загубени. Ако само за овој живот имаме вера во Исус, ние сме за жалење повеќе од сите луѓе, кажал Пол.

Но прочитај го ова: Библијата вели, "Но Христос навистина воскресна од мртвите, како првенец на оние кои умреле"(1 Коринќаните 15:20). Исус Христос е првата рата на воскресението. Бидејќи тој излегува надвор од неговиот гроб во душа и тело, ти и јас сме бесмртни. Неговото воскресение ти гарантира простување. Неговото воскресние го гарантира твоето.
Ден 11Ден 13

Опис за овој план

In Our Place: Lenten Devotions

Овој план за читање ќе мине низ периодот на Великиот пост, што не води до неверојатни приказни за страдањата,осудите и смртта на Исус Христос на наше место.

More

Би сакале да се заблагодариме на “Time of Grace“ свештенството за обезбедување на овој план. За повеќе информации, може да го посетите: www.timeofgrace.org