Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута 3:1-18

Рута 3:1-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Ноемина, нејзината свекрва, ѝ рече: „Ќерко моја, ајде да ти побарам спокојно место за да ти биде подобро. Ете, Вооз, со чии слугинки беше ти, е наш роднина, оваа ноќ тој го вее јачменот на гумното; затоа измиј се, намачкај се, промени се и оди на гумното, но не му се покажувај додека не заврши со јадењето и пиењето; а кога ќе легне да спие, дознај го местото, каде ќе легне; тогаш оди, откриј го откај нозете негови и легни; тој ќе ти каже што да правиш.“ Рута ѝ рече: „Ќе направам сѐ, како што ми кажа.“ И отиде на гумното и направи сѐ онака, како што ѝ порача свекрвата нејзина. Вооз се најаде и се напи, и го раз­весели срцето свое, и отиде, па легна да спие до стогот. И таа отиде полека, го откри откај нозете негови и легна. На полноќ тој се тргна, се обѕрна, и еве покрај нозете негови лежи жена. И тој рече: „Која си ти?“ Таа одго­вори: „Јас сум Рута, твоја робинка, ра­шири го крилото од својата наметка над својата робинка, зашто си ми близок роднина.“ Вооз ѝ рече: „Благословена да си од Господ, ќерко! Овој твој чин на мило­ср­дие е подобар од првиот, зашто не оти­­де да бараш момци, бедни или богати; затоа не плаши се, ќерко! Јас ќе на­правам за тебе сѐ, што кажа ти; зашто на секоја порта кај мојот народ знаат дека ти си чесна жена; иако е точно дека сум ти роднина, но има друг роднина, поблизок од мене. Остани оваа ноќ; а утре, ако тој те земе, добро, нека те земе, ако, пак, не те земе, јас ќе те земам; се колнам во живиот Господ! Спиј до утре!“ И преспа таа покрај нозете негови до утрината и стана, пред да можат да се распознаат еден со друг, зашто Вооз рече: „Да не се знае дека доаѓала жена на гумното.“ И ѝ рече: „Дај ја наметката што е на тебе, подржи ја.“ Таа ја држеше, и тој ѝ измери шест мери јачмен, ја натовари и си отиде во градот. А Рута дојде кај свекрва ѝ. Таа ја запраша: „Што направи, ќерко?“ Таа ѝ раскажа сѐ, што беше направил оној човек за неа. Таа рече: „Тој ми ги даде овие шест мери јачмен и ми рече: ‚Не оди со празни раце кај свекрвата своја!‘“ Таа ѝ рече: „Почекај, ќерко, додека да дознаеш, како ќе се сврши работата; зашто тој човек нема да се успокои додека не ја сврши денес таа работа.“

Рута 3:1-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш Ноемина, нејзината свекрва, ѝ рече: „Ќерко моја, да ти побарам мирно место каде би можела да бидеш среќна? Гледаш, Воз, со чии трудбеници беше, е наш роднина. Еве, тој ќе вее ноќеска јачмен на гумното. Измиј се и намачкај се, облечи се убаво па отиди на гумното. Не оставај да те препознае пред да се најаде и напие. Кога ќе легне, види го местото каде ќе легне; па кога ќе легне, отиди таму, поткрени ја покривката од неговите нозе и легни таму! Тогаш тој ќе ти рече што треба да правиш.“ Таа ѝ одговори: „Ќе направам сѐ како што ми велиш.“ И слезе на гумното и направи сѐ како што и повели свекрвата. А Воз, откако јадеше и пиеше, и така се развесели, отиде и легна покрај стогот. Таа пристапи полека, му ги откри нозете и легна. И околу полноќ, човекот се тргна и се заврте, и ете: жена лежи до неговите нозе. “Која си?“ - праша тој, а таа одговри: „Јас сум Рута, твојата слугинка. Рашири го скутот на твојата облека над твојата слугинка, зашто си ми старател.“ “Господ да те благослови, ќерко моја! - рече - ова твое добро дело што го направи сега е уште подобро од првото, зашто не отиде да бараш млади луѓе, ни богати ни бедни. И затоа, ќерко моја, не плаши се сега; ќе сторам сѐ за тебе што ќе побараш, зашто сите врати на мојот народ знаат дека си чесна жена. Да, навистина сум ти старател; но има уште поближен од мене. Остани ноќеска, ако утре тој, како старател, сака да те земе, добро, нека те земе; а ако нејќе, ќе те земам јас; жив Господ! Спиј до утрото!“ И таа спиеше покрај неговите нозе до утрото. Тој стана пред да може човек човека да препознае, зашто мислеше: „Не треба да знаат дека жена била на гумно.“ И ѝ рече: „Дај ја наметката што е на тебе и држи ја добро.“ Таа ја придржа а тој ѝ тури шест мери јачмен, па ѝ ја поткрена. И таа отиде во градот. Кога стигна, свекрвата ја праша: „Што е со тебе ќерко моја?“ А таа ѝ раскажа сѐ што сторил човекот за неа. И додаде: „Овие шест мери јачмен ми ги даде, велејќи: ‘Не смееш да се вратиш при свекрвата со празни раце.’“ Таа ѝ рече: „Биди спокојна, ќерко моја, додека не видиш што ќе биде: зашто тој нема да има спокојство додека не докрајчи сѐ уште денес.“