Римјаните 3:9-12
Римјаните 3:9-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Значи, дали ние Евреите сме подобри од другите народи? Не, не сме. Ние веќе рековме дека и Евреите, како и другите народи, се под власта на гревот. Како што е напишано во Светото Писмо: “Нема ниту еден праведен човек, ниту еден единствен; ниту еден што разбира, ниту еден што Го бара Бога. Сите скршнаа од правиот пат, сите се израсипаа. Нема ниту еден единствен човек што прави добро.“
Римјаните 3:9-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па дали имаме некакво предимство? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека се сите под грев, како што е напишано: „Нема праведен ниту еден, нема разумен, нема кој да Го бара Бога; сите се отклонија, заедно станаа развратни; нема кој да прави добро, нема ниту еден.“
Римјаните 3:9-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Што тогаш! Дали имаме предност? Никако, зашто веќе ги обвинуваме Јудејците и Грците, дека се сите под грев, како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден; нема разумен, нема кој да Го бара Бога; сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.“