Римјаните 3:22-23 - Спореди ги сите верзии
Римјаните 3:22-23 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите оние што веруваат. Зашто нема разлика, сите згрешија и лишени се од славата Божја.
Римјаните 3:22-23 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
пред Бог можеме да се здобиеме со праведност само преку вера во Исус Христос. Тоа важи за секој што верува, бидејќи меѓу луѓето нема никаква разлика, зашто сите згрешија и никој не успеа да ги достигне Божјите возвишени стандарди.
Римјаните 3:22-23 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика; зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава