Римјаните 3:21-24
Римјаните 3:21-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сега Бог ни покажа како можеме да се здобиеме со праведност: не преку придржување кон уредбите во Мојсеевиот Закон, туку онака како што одамна беше ветено во Светото Писмо: пред Бог можеме да се здобиеме со праведност само преку вера во Исус Христос. Тоа важи за секој што верува, бидејќи меѓу луѓето нема никаква разлика, зашто сите згрешија и никој не успеа да ги достигне Божјите возвишени стандарди. Но поради Својата милостива благонаклоност, Бог не прогласува за праведни. Оправданието ни е подарено преку откупот што за нашите гревови го плати Исус Христос.
Римјаните 3:21-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од Законот и од Пророците. Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите оние што веруваат. Зашто нема разлика, сите згрешија и лишени се од славата Божја. Но ќе бидат оправдани преку дар, со Божјата благодат, а преку откупот во Исус Христос.
Римјаните 3:21-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А сега, независно од Законот, се јави Божјата правда, за која сведочат Законот и пророците, и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика; зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава, но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса