Римјаните 3:10-18
Римјаните 3:10-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Како што е напишано во Светото Писмо: “Нема ниту еден праведен човек, ниту еден единствен; ниту еден што разбира, ниту еден што Го бара Бога. Сите скршнаа од правиот пат, сите се израсипаа. Нема ниту еден единствен човек што прави добро.“ „Грлата нивни - гробови отворени, јазиците само за злобни лаги им служат.“ „Зад усните змиски отров кријат.“ „Устите им со клетви и горчина се полни.“ „Брзи се стапалата нивни да пролеваат крв. Кај ќе стапнат - пустош и беда носат! За мирољубивост не знаат.“ „Ни трошка страв и почит спрема Бог кај нив нема.“
Римјаните 3:10-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
како што е напишано: „Нема праведен ниту еден, нема разумен, нема кој да Го бара Бога; сите се отклонија, заедно станаа развратни; нема кој да прави добро, нема ниту еден.“ „Грлото нивно – отворен гроб; со јазиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров, устата нивна е полна со клетва и горчина. Нозете нивни им се брзи за пролевање крв; пустошење и маки по нивните патишта; тие не го познаа патот на мирот. Страв Божји нема пред очите нивни.“
Римјаните 3:10-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден; нема разумен, нема кој да Го бара Бога; сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.“ Нивното грло е отворен гроб, измамуваат со јазиците; змиски отров е под нивните усни. Устата им е полна со клевета и горчина. Нозете им се брзи за пролевање крв; запустување и беда се по нивните патишта; тие не го познаваат патот на мирот. Нема Божји страв пред нивните очи.“