Римјаните 2:5-11
Римјаните 2:5-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако останеш тврдоглав и не се покаеш, си собираш гнев против себе со кој Бог справедливо ќе те казни на Судниот ден, кога Бог на секого ќе му плати според неговите дела. На оние што истрајуваат во вршењето добри дела, и во копнежот по небесна слава, чест и бесмртност, Бог ќе им даде вечен живот, а врз оние што се себични, што одбиваат да ја слушаат вистината, а го следат злото, Бог ќе излее гнев и лутина. Маки и страдања ќе има за сите што прават зло, прво за Евреите, а потоа и за другите народи, а слава, чест и мир за сите што прават добро, прво за Евреите, а потоа и за другите народи. Кај Бог нема пристрасност!
Римјаните 2:5-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но, поради твојата тврдокорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие праведниот суд од Бога, Кој секому ќе му даде според неговите дела: живот вечен на оние кои со трпение во добрите дела се стремат кон слава, чест и нераспадливост; јарост, пак, и гнев на оние што ѝ се непокорни на вистината, а ѝ се покоруваат на неправдата. Неволја и мака за секоја човечка душа која прави зло, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин; слава и чест и мир на секој што прави добро, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин! Зашто Бог не е пристрасен.
Римјаните 2:5-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но со твојата закоравеност и со непокајаното срце самиот собираш гнев врз себе, за денот на гневот и на откривањето на праведниот Божји суд, Кој ќе му даде секому според неговите дела: на оние, кои со трпение прават добро и бараат слава, чест и непропадливост - вечен живот; а на оние, кои се противаат и не ѝ се покоруваат на вистината, а се покоруваат на неправдата - гнев и јарост. Неволја и мака на секоја човечка душа, која прави зло; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! А слава, чест и мир за секого, кој прави добро; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! Зашто Бог не гледа на лице.