Римјаните 2:3-5
Римјаните 2:3-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Немој да мислиш дека Бог ќе ги казни другите луѓе за нивните грешни постапки, а ти за слични постапки ќе ја избегнеш Божјата казна! Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време за да се покаеш! Ако останеш тврдоглав и не се покаеш, си собираш гнев против себе со кој Бог справедливо ќе те казни на Судниот ден
Римјаните 2:3-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зар мислиш, о човеку, дека ќе го избегнеш Божјиот суд ти, кој ги осудуваш оние што прават такви работи, какви што правиш и сам? Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, стрпливост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување? Но, поради твојата тврдокорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие праведниот суд од Бога
Римјаните 2:3-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Мислиш ли, о човеку, кој им судиш на оние, кои прават такви работи, а истото го правиш, дека ќе го избегнеш Божјиот суд? Или ги презираш: богатството на Неговата благост, кротоста и долготрпеливоста, а не знаеш дека Божјата добрина те води кон покајание? Но со твојата закоравеност и со непокајаното срце самиот собираш гнев врз себе, за денот на гневот и на откривањето на праведниот Божји суд