Римјаните 2:14-15
Римјаните 2:14-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога неевреите, кои го немаат Божјиот Закон во пишана форма, инстинктивно се придржуваат кон заповедите што произлегуваат од него, тоа покажува дека длабоко во себе тие умеат да го разликуваат доброто од злото. Тоа е доказ дека она што Божјиот Закон го бара е запишано во нивните срца. За нив мерило за поведението е нивната совест, која им кажува кога некоја нивна постапка е за осуда, а кога е оправдана.
Римјаните 2:14-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто секогаш кога незнабошците, кои немаат Закон, природно ги извршуваат одредбите на Законот, тогаш тие, иако немаат Закон, се Закон на самите себе; тие докажуваат дека делото на Законот е запишано во нивните срца, за што сведочи и нивната совест, а и нивните внатрешни размислувања, со кои меѓусебно се обвинуваат или одбрануваат
Римјаните 2:14-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто кога народите, кои немаат Закон, го исполнуваат - по природа - она што Законот го бара; тогаш тие се, немајќи Закон, сами за себе закон. Тие покажуваат дека делото на Законот е напишано во нивните срца, за што сведочат: нивната совест и нивните мисли, што меѓусебно се обвинуваат или се бранат