Римјаните 2:1-2 - Спореди ги сите верзии
Римјаните 2:1-2 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И така, немаш изговор, о човеку, кој и да си ти, зашто со каков суд судиш друг, со таков се осудуваш сам, бидејќи ти, кој судиш, го правиш истото. А знаеме дека Божјиот суд, кој, паѓа врз оние кои вршат такви работи е според вистината.
Сподели
Римјаните 2 MK2006Римјаните 2:1-2 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Затоа, ниеден човек нема оправдување! Дури ни тој што ги осудува таквите постапки, зашто и самиот е виновен за нив. Тој што им пресудува на другите си пресудува и себеси! Знаеме дека Бог е справедлив и ќе ги казни сите што прават такви работи.
Сподели
Римјаните 2 MNTРимјаните 2:1-2 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Затоа немаш изговор човеку, кој судиш - кој и да си ти - зашто судејќи го другиот, самиот се осудуваш; бидејќи ти кој судиш, го правиш истото. А знаеме дека Божјиот суд е според вистината врз тие, кои прават такви работи.
Сподели
Римјаните 2 MKB