Римјаните 13:11-12
Римјаните 13:11-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Имајте на ум дека времето истекува. Разбудете се! Нашето спасение е сега поблизу, отколку во моментот кога поверувавме! Ноќта е при крај, се ближи денот на нашето спасение! Да престанеме да правиме зло, зашто тоа и припаѓа на темнината. Да живееме свето, како луѓе облечени за светлина.
Римјаните 13:11-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И тоа правете го, знаејќи го ова време: веќе дојде часот да се разбудите од сонот, зашто спасението е сега поблиску до нас отколку кога поверувавме. Ноќта одминува, а денот се приближи; да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
Римјаните 13:11-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И правете го тоа затоа што го знаете времето во кое сме, зашто е веќе време да се разбудите од сонот; зашто сега спасението ни е поблизу, отколку кога поверувавме. Ноќта помина, а денот наближи. Затоа да ги офрлиме делата на темнината, а да се облечеме во оружјето на светлината!