Римјаните 13:1-3
Римјаните 13:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Почитувајте ја државната власт. Секоја власт произлегува од Бога, па и државната власт е воспоставена од Бог. Оној што се противи на институцијата државна власт, се противи на уредба воспоставена од Бог и ќе биде казнет. Органите на власта не се закана за добрите, туку за лошите луѓе. За да не се плашите од властите, правете добро и тие ќе ве пофалат.
Римјаните 13:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, зашто нема власт што не е дадена од Бога, и оние што ги има се одредени од Бога. Затоа, оној што се противи на власта, тој се противи на Божјата наредба. А оние, што се противат, ќе паднат под осуда. Зашто, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да не се плашиш од власта, тогаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа
Римјаните 13:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Секоја душа да им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога; и колку и да се властите, од Бога се поставени. Затоа оној, кој ѝ се противи на власта, ѝ се противи на Божјата наредба; а кои ѝ се противат, ќе ја примат својата осуда. Зашто владетелите не се страв за добро дело, туку за зло. Сакаш ли пак да не се боиш од власта, прави добро, па ќе бидеш пофален од неа.