Римјаните 1:4-7
Римјаните 1:4-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Што се однесува до Неговата божествена светост, огромна сила потврди дека Тој е Божјиот Син кога Бог Го воскресна од мртвите. Тоа е Исус Христос, нашиот Господ. Преку Него и во Негово име Бог ни ја даде таа привилегија да бидеме Негови апостоли и да ги повикуваме луѓето од сите народи да веруваат во Бог и да Му бидат послушни. Меѓу оние што се повикани да Му припаѓаат на Исус Христос сте и вие, драги христијани во Рим. Вие сте Му мили на Бог и Тој ве повикува да бидете Негов свет народ. Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.
Римјаните 1:4-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
одреден како Син Божји во силата, по Духот на светоста, преку воскресението од мртвите, Исус Христос, нашиот Господ. Преку Него добивме благодат и апостолство за да ги приведеме на послушност кон верата меѓу сите народи во Негово име, меѓу кои сте и вие, повиканите од Исус Христос. До сите вас во Рим, возљубени од Бога и повикани да бидете свети: благодат и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос.
Римјаните 1:4-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
по Духот на осветувањето посведочен за Божји Син во сила - преку воскресението од мртвите - Исус Христос, нашиот Господ; преку Кого добивме благодат и апостолство, за да ги приведеме сите народи, кон послушноста на верата, заради Името Негово, меѓу кои сте и вие повикани од Исуса Христа, - до сите возљубени од Бога, повиканите свети, кои се во Рим: благодат вам и мир од Бога нашиот Татко и од Господа Исуса Христа.