Откровение 21:12-13
Откровение 21:12-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Околу градот имаше високи и широки ѕидови, со дванаесет порти; пред секоја порта стоеше по еден ангел. На секоја порта беше напишано по едно од имињата на дванаесетте Израелови синови, односно племиња. Три порти беа на источната страна, три на северната, три на јужната и три на западната страна.
Откровение 21:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ангели и напишани имињата на дванаесетте колена на синовите Израелови: спроти исток – три порти, спроти север – три порти, спроти југ – три порти, спроти запад – три порти.
Откровение 21:12-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
Имаше голем и висок ѕид со дванаесет порти, а на портите дванаесет ангели и напишани имиња, а тоа се имињата на дванаесетте племиња на Израелевите синови. Од исток три порти, и од север три порти, и од југ три порти, и од запад три порти.