Откровение 1:4-6
Откровение 1:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од Јован, до седумте цркви во Азија: Ви пожелувам милостива благонаклоност и мир од Бог, Кој постои, Кој отсекогаш постоел и Кој ќе дојде; и од седумкратниот Дух пред Неговиот престол, и од Исус Христос - верниот Сведок, Првороденецот од мртвите и Владетелот над земните цареви. Тој нас не љуби и со Својата крв не откупи од власта на гревот. Тој од нас направи Царство на свештеници кои служат пред Бог, Кој е Негов Татко. Нему Му припаѓаат славата и власта во вечни векови - Амин!
Откровение 1:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Јован – до седумте цркви, што се во Азија: благодат вам и мир од Оној, Кој е, и Кој бил, и Кој иде, и од седумте духови кои се пред Неговиот престол, и од Исус Христос, Кој е верен сведок. Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој нѐ возљуби и изми од нашите гревови преку Својата крв и Кој нѐ направи пред Бога и Неговиот Отец царство на свештеници, слава и власт во вечни векови. Амин!
Откровение 1:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Јован до седумте цркви во Азија: Благодат вам и мир од Оној, Кој е и Кој беше и Кој иде, и од седумте Духови, Кои се пред Неговиот престол, и од Исуса Христа, Кој е верен Сведок, Првороден од мртвите и Владетел на земните цареви, Нему, Кој нѐ љуби и Кој нѐ изми од нашите гревови во Својата крв, и нѐ направи цареви и свештеници на Бога, и на Својот Татко - Нему слава и моќ во вечни векови, амин!