Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОТКРОВЕНИЕ 1

1
Вовед
1Откровение на Исуса Христа, што Бог Му го даде, за да им покаже на Своите слуги, што треба да стане скоро, и Тој го покажа тоа преку Својот ангел, испратен при Својот слуга Јован, 2кој го посведочи Божјото Слово и сведоштвото на Исуса Христа, сѐ што виде. 3Блажен е кој чита и блажени се кои ги слушаат зборовите на пророштвото и го пазат напишаното во него, зашто времето е близу.
4Јован до седумте цркви во Азија: Благодат вам и мир од Оној, Кој е и Кој беше и Кој иде, и од седумте Духови, Кои се пред Неговиот престол, 5и од Исуса Христа, Кој е верен Сведок, Првороден од мртвите и Владетел на земните цареви, Нему, Кој нѐ љуби и Кој нѐ изми од нашите гревови во Својата крв, 6и нѐ направи цареви и свештеници на Бога, и на Својот Татко - Нему слава и моќ во вечни векови, амин! 7Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око, и оние, кои Го прободоа, и сите земни племиња ќе заридаат за Него. Да, амин!
8“Јас Сум Алфа и Омега“, почетокот и крајот, - вели Господ Бог, Кој е и Кој беше и Кој иде - Сѐмоќниот 9Јас, Јован, ваш брат и соучесник во неволјата и во царството, и во трпението во Исуса Христа, бев на островот, наречен Патмос заради Божјото Слово и сведоштвото за Исуса. 10Во Господов ден бев во Духот и чув, зад себе, силен глас - како од труба - кој велеше: „Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот;“ 11“Запиши во книга, што гледаш, и испрати им го на седумте цркви: во Ефес, и во Смирна, и во Пергам, и во Тиатир, во Сард, и во Филаделфија и во Лаодикија.“ 12И се свртив, за да го видам гласот, што зборуваше со мене. И свртувајќи се, видов седум златни светилници, 13а среде седумте светилници, Некој, сличен на Човечкиот Син, облечен во долга облека до нозете и препашан со златен појас преку градите. 14Неговата глава и косата беа бели како бела волна, како снег, а Неговите очи како огнен пламен; 15Неговите нозе како бронза вжарена во печка; а Неговиот глас, како шум од многу води. 16Во Својата десна рака држеше седум ѕвезди, и од Неговата уста излегуваше меч остар од двете страни; и Неговото лице беше како што сонцето свети во својата сила.
17И кога Го видов паднав како мртов пред Неговите нозе; а Тој ја сложи Својата десница врз мене и ми рече: „Не бој се! Јас Сум Првиот и Последниот 18и Живиот, и умрев, и ете, Жив Сум во сите векови. Амин! И ги имам клучевите на Подземјето и смртта. 19И така, напиши ова што го виде: и тоа што е и она што ќе биде потоа. 20Тајната на седумте ѕвезди, што ги виде во Мојата десница, и на седумте златни светилници: седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви, а седумте светилници, што ги виде, се седумте цркви.

Селектирано:

ОТКРОВЕНИЕ 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност