Филипјаните 3:7-9
Филипјаните 3:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но сите тие нешта што порано толку многу ми значеа, сега, кога верувам во Христос, ги сметам за безвредни. И уште повеќе, сметам дека се е рамно на загуба во споредба со таа скапоцена придобивка: да се познава Исус Христос, мојот Господ. Заради Него се откажав од сите тие телесни вредности и ги сметам за обичен смет. Христос е се што ми треба. Со Него сакам да бидам, не преку моја сопствена праведност, што би произлегувала од придржување кон верскиот Закон, туку преку праведност што се добива заради вера во Христос, праведност што доаѓа од Бог, врз основа на вера.
Филипјаните 3:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христос го сметав за загуба. Затоа, сметам дека и сѐ друго е загуба спрема преважното познание на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого се одреков од сѐ, и сѐ сметам за отпад, само за да Го придобијам Христос, и да се најдам во Него, не со својата праведност стекната од Законот, туку со придобивката преку верата во Христос, односно со праведноста од Бога преку верата
Филипјаните 3:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но тоа што ми беше некогаш придобивка, тоа го сметав за загуба поради Христа. Во суштина, јас и сега сметам сѐ за загуба заради преважното познавање на Христа Исуса, Мојот Господ, заради Кого изгубив сѐ и сѐ сметам за отпад, за да Го придобијам Христа и да се најдам во Него, немајќи своја правда, која доаѓа од Законот; туку по правдата, која доаѓа преку верата на Христа: правдата од Бога врз основа на верата