Филипјаните 3:18-21
Филипјаните 3:18-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Многу пати досега сум ви го кажал ова, а и сега, со солзи во очите ќе ви го повторам: има многу луѓе кои според начинот на кој живеат му се непријатели на Христовиот крст. Тие ќе завршат во пеколот, бидејќи нивните телесни желби им се бог. Се гордеат со она од што би требало да се срамат и размислуваат само за овоземни работи. За разлика од нив, ние сме жители на небото и желно очекуваме нашиот Спасител, Господ Исус Христос, оттаму да дојде. Тој ќе ги преобрази нашите слаби, смртни тела и ќе ги направи слични на Неговото славно тело, со истата моќ со која ќе ја преземе власта над се.
Филипјаните 3:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Христов; нивниот крај е погибел, нивниот бог – стомакот, а славата – во нивниот срам; тие мислат за земните работи. А нашето жителство е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос. Тој ќе го преобрази нашето понизено тело да стане подобно на Неговото славно тело, со силата преку која Тој може да потчинува под Себе сѐ.
Филипјаните 3:18-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто мнозина, за кои ви зборував многупати, а сега зборувам и со солзи одат како непријатели на крстот Христов. Нивниот крај е погибел; нивниот бог е стомакот; нивната слава е во нивниот срам; тие мислат само на земното. А нашето жителство е на небесата, од каде и Го очекуваме Спасителот, Господа Исуса Христа, Кој ќе го преобрази нашето унизено тело, да се сообрази со Неговото славно тело, според дејствието на Неговата сила, со која може да покори сѐ под Себе.