Филипјаните 3:10-13
Филипјаните 3:10-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сакам длабоко да Го запознаам Христос, да ја доживеам силата што Го воскресна, да искусам дел од Неговите страдања и да се идентификувам со Неговата смрт, па така некако да стигнам до воскреснување од мртвите. Јас не велам дека веќе сум успеал да го постигнам тоа, или дека сум станал совршен. Но, и понатаму се стремам да ги постигнам целите заради кои Исус Христос ме придоби. Се разбира, драги пријатели христијани, јас не мислам дека веќе сум успеал да го достигнам тоа, но мислам дека успеав да го заборавам она што е зад мене и од се срце да се стремам кон она што е пред мене.
Филипјаните 3:10-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
за да Го познаам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, грижејќи се мојата смрт да биде слична со Неговата, та некако да го достигнам воскресението на мртвите. Велам така не затоа што веќе достигнав, или дека веќе постигнав совршенство, туку се стремам да го достигнам она со кое Христос ме достигна мене. Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене
Филипјаните 3:10-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
за да Го познавам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, станувајќи сличен на Него во Неговата смрт, та некако да достигнам до воскресението од мртви. Не велам дека веќе го достигнав или дека веќе дојдов до совршенство - туку настојувам да го достигнам, зашто и мене Христос ме достигна. Браќа, јас уште не мислам дека го достигнав!