Филипјаните 2:7-9
Филипјаните 2:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Напротив, се откажа од тоа и стана слуга, се роди во човечко тело и живееше како човек. Како човек, Тој се понижи, остана покорен и по цена на Својот живот, и понизно умре распнат на крст. Затоа Бог Го воздигна и Му даде име поголемо од секое друго име.
Сподели
Прочитај Филипјаните 2Филипјаните 2:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по изглед се покажа како човек; Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст. Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име
Сподели
Прочитај Филипјаните 2Филипјаните 2:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст. Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име
Сподели
Прочитај Филипјаните 2