Филипјаните 2:5-10
Филипјаните 2:5-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос: Тој, иако по Својата природа е Бог, е ја искористи Својата еднаквост со Бог за да приграби нешто за Себе. Напротив, се откажа од тоа и стана слуга, се роди во човечко тело и живееше како човек. Како човек, Тој се понижи, остана покорен и по цена на Својот живот, и понизно умре распнат на крст. Затоа Бог Го воздигна и Му даде име поголемо од секое друго име. Пред тоа име, пред Исус, сите суштества на колена ќе клекнат: небесните, земните и оние под земјата
Филипјаните 2:5-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос, Кој, иако беше во Божји лик, не сметаше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по изглед се покажа како човек; Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст. Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име, та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно
Филипјаните 2:5-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа; Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога, туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст. Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име, и во Исусовото име да се поклони секое колено на оние: кои се на небото, и на земјата, и под земјата