Филипјаните 2:19-23
Филипјаните 2:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако Му е тоа по волја на Господ Исус, се надевам дека набрзо ќе можам да го пратам кај вас Тимотеј, та кога ќе се врати да ме израдува со вести за вас, зашто немам друг истомисленик што толку искрено се грижи за вас. Сите други работат за своја корист, а не за делото на Исус Христос. Но, тој се има докажано како карактерен човек. Се сеќавате како работевме заедно на ширењето на Радосната вест: како татко и син. Се надевам дека ќе можам да го испратам веднаш штом дознаам каква судбина ми се подготвува
Филипјаните 2:19-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А се надевам во Господ Исус дека наскоро кај вас ќе го пратам Тимотеј, та и јас, откако ќе разберам како сте, да се утешам со духот. Всушност, немам ниту еден истомисленик, кој толку искрено би се грижел за вас. Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос; а неговата опитност е позната; тој, како син на татко, слугуваше заедно со мене при благовестувањето. Него, пак, се надевам дека ќе го испратам веднаш, штом ќе дознаам што ќе стане со мене
Филипјаните 2:19-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Се надевам во Господа Исуса дека ќе ви го испратам скоро Тимотеј, та и јас да се утешам кога ќе научам како сте вие. Зашто немам никого, кој е со иста душа како него, кој толку искрено ќе се грижи за вас, зашто сите други го бараат своето, а не она што е на Христа Исуса. Вие ја знаете неговата докажана верност, дека - како дете на таткото - со мене служеше во ширењето на Евангелието. Така, се надевам дека ќе го испратам него, веднаш штом ќе разберам што ќе стане со мене.