Филипјаните 2:12-13
Филипјаните 2:12-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа, драги мои, како што бевте послушни додека бев кај вас, уште поважно е да останете послушни и сега, кога сум отсутен. Продолжете да работите, со длабока страхопочит, за да се заокружи вашето спасение, зашто Бог дејствува во вас, за да ве направи желни и способни да го работите она што Тој го сака.
Филипјаните 2:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Затоа, возљубени мои, како што секогаш ме слушавте, не само во мое присуство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение, зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја.
Филипјаните 2:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Затоа, возљубени мои, како што секогаш бевте послушни, не само кога сум при вас, туку уште повеќе сега, кога не сум при вас, изработувајте го своето спасение со страв и трепет. Зашто Бог е Оној, Кој дејствува во вас да сакате и да постапувате, според Неговата волја.