Филипјаните 1:9-12
Филипјаните 1:9-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Се молам и вашата љубов еден спрема друг се повеќе да расте, вашето знаење да се продлабочува, и се потемелно да ги разбирате работите, за да знаете да го одберете она што е најдобро. Така, на денот кога Христос ќе се врати, ќе бидете беспрекорни и чисти. Вашите животи ќе бидат исполнети со вистински вредности, какви што само Исус Христос може да создаде, за слава и величање на Бог. Сакам да знаете, драги пријатели христијани, дека она што ми се случи, помогна Радосната вест уште поуспешно да се шири.
Филипјаните 1:9-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познанието и разбирањето на сѐ, за да можете да го распознавате најдоброто, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христос, полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога. Сакам, браќа, да знаете дека тие работи, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието
Филипјаните 1:9-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И затоа се молам вашата љубов да изобилува сѐ повеќе и повеќе во сознавањето и во секакво расудување, за да можете да испитувате за она што е подобро: да бидете чисти и беспрекорни за Денот Христов, исполнети со плодовите на правдата, кои се преку Исуса Христа, за слава и пофалба на Бога. А сакам да знаете, браќа, дека ова што се случува со мене помогна мошне многу за ширењето на Евангелието