Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 1:9-11 - Compare All Versions

Филипјаните 1:9-11 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Се молам и вашата љубов еден спрема друг се повеќе да расте, вашето знаење да се продлабочува, и се потемелно да ги разбирате работите, за да знаете да го одберете она што е најдобро. Така, на денот кога Христос ќе се врати, ќе бидете беспрекорни и чисти. Вашите животи ќе бидат исполнети со вистински вредности, какви што само Исус Христос може да создаде, за слава и величање на Бог.

Филипјаните 1:9-11 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познанието и разбирањето на сѐ, за да можете да го распознавате најдоброто, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христос, полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога.

Филипјаните 1:9-11 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

И затоа се молам вашата љубов да изобилува сѐ повеќе и повеќе во сознавањето и во секакво расудување, за да можете да испитувате за она што е подобро: да бидете чисти и беспрекорни за Денот Христов, исполнети со плодовите на правдата, кои се преку Исуса Христа, за слава и пофалба на Бога.