Филипјаните 1:4-6
Филипјаните 1:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
и секогаш со задоволство се молам за вас, зашто вие ми помагате во ширењето на Радосната вест уште од првиот ден кога ја слушнавте, па се досега. Сигурен сум дека Бог, Кој ја започна оваа добра работа во вас, ќе продолжи да ја води, се додека не ја заврши, на денот кога Исус Христос повторно ќе дојде.
Филипјаните 1:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
– во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас – заради вашето учество во Евангелието од првиот ден, па сѐ досега, уверен во тоа дека Оној, Кој го започна во вас доброто дело, ќе го доврши сѐ до Денот на Исус Христос.
Филипјаните 1:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
непрекратно во секоја своја молитва се молам за сите вас со радост, заради вашето учество во проповедањето на Евангелието од првиот ден досега. Уверен сум во тоа, дека Оној, Кој го почна доброто дело во вас, ќе го доврши до Денот на Христа Исуса.