Филипјаните 1:22-25
Филипјаните 1:22-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но ако останам жив ќе можам плодно да работам за Христос. Затоа, кога би требало јас да избирам, не знам што би одбрал. Растргнат сум од овие две желби: да го напуштам овој живот и да бидам со Христос, зашто за мене тоа е далеку подобро, или да останам овде, во тело, што би било многу покорисно за вас. Со таа увереност ќе останам со сите вас и ќе продолжам да работам, за да напредувате и да се радувате во верата
Филипјаните 1:22-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тогаш што да одберам не знам. Измачуван сум и од едното, и од другото: сакам да заминам и да бидам со Христос, бидејќи тоа е многу подобро; но да останам во телото е попотребно за вас. Уверен во тоа, знам дека ќе останам и ќе пребивам со сите вас за ваш напредок и радост на верата
Филипјаните 1:22-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но ако и натаму живеам во телото, тоа за мене значи: плодна работа - и не знам што да изберам. Притиснат сум од две страни: имам желба да си отидам и да бидам со Христа, што е далеку подобро, но заради вас е попотребно да останам во телото. И наполно уверен во тоа, знам дека ќе останам и ќе продолжам со сите вас, за ваше напредување и за радост во верата.