Филипјаните 1:21-23
Филипјаните 1:21-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Што е животот? За мене тоа е Христос! Што е смртта? За мене тоа е чиста добивка! Но ако останам жив ќе можам плодно да работам за Христос. Затоа, кога би требало јас да избирам, не знам што би одбрал. Растргнат сум од овие две желби: да го напуштам овој живот и да бидам со Христос, зашто за мене тоа е далеку подобро
Филипјаните 1:21-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
За мене, „да се живее“ значи Христос, а „да се умре“ – придобивка. Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тогаш што да одберам не знам. Измачуван сум и од едното, и од другото: сакам да заминам и да бидам со Христос, бидејќи тоа е многу подобро
Филипјаните 1:21-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто за мене живот е Христос, а умирањето - придобивка. Но ако и натаму живеам во телото, тоа за мене значи: плодна работа - и не знам што да изберам. Притиснат сум од две страни: имам желба да си отидам и да бидам со Христа, што е далеку подобро