Филипјаните 1:19-21
Филипјаните 1:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
бидејќи знам дека преку вашите молитви и со помошта што доаѓа од Духот на Исус Христос сето ова ќе биде за мое избавување. Јас најискрено се надевам и посакувам во ништо да не потфрлам, исполнувајќи ја својата должност. Сакам секогаш, а посебно сега, да бидам полн со храброст, и со целото мое битие да Му донесам слава на Христос, било преку мојот живот, или преку мојата смрт. Што е животот? За мене тоа е Христос! Што е смртта? За мене тоа е чиста добивка!
Филипјаните 1:19-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос, како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но со сета моја храброст, како секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт. За мене, „да се живее“ значи Христос, а „да се умре“ – придобивка.
Филипјаните 1:19-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
зашто знам дека ова - преку вашата молитва и помошта на Духот на Исуса Христа, ќе ми биде за избавување, согласно моето цврсто очекување и надеж, дека во ништо нема да се засрамам; но како и секогаш во сета смелост, така и сега, Христос ќе се возвеличи во моето тело, било преку живот, или преку смрт. Зашто за мене живот е Христос, а умирањето - придобивка.