Филипјаните 1:1-4
Филипјаните 1:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од Павле и Тимотеј, службеници на Исус Христос, Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир. Секојпат кога ќе помислам на вас, Му се заблагодарувам на мојот Бог и секогаш со задоволство се молам за вас
Филипјаните 1:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Павле и Тимотеј, слуги на Исус Христос, до сите светии во Христос Исус, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите: благодат и мир вам од Бог, Отецот наш и од Господ Исус Христос! Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас, – во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас
Филипјаните 1:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Павле и Тимотеј, слуги на Христа Исуса, до сите свети во Христа Исуса, кои се во Филипи, со надзорниците и ѓаконите: благодат вам и мир од Бога нашиот Татко и од Господа Исуса Христа. Му благодарам на својот Бог секогаш кога си спомнувам за вас; непрекратно во секоја своја молитва се молам за сите вас со радост