Филимон 1:8-14
Филимон 1:8-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Христос ми дава смелост да ти заповедам што треба да сториш, но јас, попрво би те замолил да го сториш тоа од љубов. Затоа јас, старецот Павле, затвореник затоа што проповедам за Исус Христос, те молам да му помогнеш на Онисим. Тој ми е како син, бидејќи тука во затворот го доведов кај Христос. Порано тој беше бескорисен за тебе, но сега е многу корисен и за тебе и за мене. Сега го испраќам кај тебе. За срце ми прирасна и би сакал да го задржам кај себе, та во твое име да ми помага сега, кога сум во окови, затоа што ја проповедам Радосната вест, но не сакав ништо да сторам без твоја согласност. Сакав да го сториш тоа од љубов, а не затоа што јас сум те принудил.
Филимон 1:8-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш, сепак, од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос, и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои: и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и тебе, и мене. Ти го праќам назад него – прими го како да е моето срце. Јас сакав да го задржам кај мене, за да ми служи место тебе во оковите што ги носам за Евангелието. Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна.
Филимон 1:8-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Затоа, иако имам голема смелост во Христа да ти заповедам што е правилно, заради љубовта повеќе сакам да те молам, јас, таков каков што сум - Павле, старец, а сега и затвореник на Христа Исуса; те молам за моето чедо Онисима, кого го родив во оковите, кој некогаш ти беше некорисен, а кој сега ни е корисен и тебе и мене. Ти го испраќам назад него, а ти прими го како моето срце. Сакав да го задржам при себе, за да ми служи место тебе во оковите за Евангелието. Но не сакав ништо да направам без твојата согласност, за да не биде твоето добро дело како принудно туку како доброволно.