Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ФИЛИМОН 1

1
Вовед
1Павле, затвореник за Христа Исуса, и братот Тимотеј до нашиот возљубен соработник Филимон, 2и до сестрата Апфија и до нашиот другар во војувањето Архипа и до твојата домашна црква, 3благодат вам и мир од Бог, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа.
Филимоновата вера и љубов
4Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во своите молитви 5имено, слушам за твојата љубов и вера, што ја имаш кон Господа Исуса и кон сите свети, 6и твоето општење во верата да биде делотворно во познавањето на секое добро што е во вас заради Исуса Христа. 7Зашто имам голема радост и утеха во твојата љубов, бидејќи ти - брате - ги освежи срцата на светите.
Павле го препорачува Онисима
8Затоа, иако имам голема смелост во Христа да ти заповедам што е правилно, 9заради љубовта повеќе сакам да те молам, јас, таков каков што сум - Павле, старец, а сега и затвореник на Христа Исуса; 10те молам за моето чедо Онисима, кого го родив во оковите, 11кој некогаш ти беше некорисен, а кој сега ни е корисен и тебе и мене. Ти го испраќам назад него, 12а ти прими го како моето срце. 13Сакав да го задржам при себе, за да ми служи место тебе во оковите за Евангелието. 14Но не сакав ништо да направам без твојата согласност, за да не биде твоето добро дело како принудно туку како доброволно. 15Зашто можеби затоа беше одделен од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш, 16не веќе како роб, туку повеќе од роб, како возљубен брат, особено за мене, а камоли не тебе - и по тело и во Господа. 17И така, ако мене ме сметаш за другар, прими го него како мене! 18А ако ти направил некаква штета или ти должи нешто, стави го тоа на моја сметка. 19Јас, Павле, напишав со своја рака, јас ќе платам; за да не ти речам дека и самиот себе си ми должен мене. 20Да, брате, сакам да видам некаква полза од тебе во Господа. Освежи го срцето мое во Христа.
21Ти го напишав ова имајќи доверба во твојата послушност, зашто знам дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам. 22А заедно со тоа приготви ми и сместување, зашто се надевам дека преку вашите молитви ќе ви бидам даруван вам.
Поздрави и благослов
23Те поздравуваат: Епафрас, кој е со мене затвореник во Христа Исуса, 24Марко, Аристарх, Димас и Лука, мои соработници. 25Благодатта на Господа Исуса Христа со вашиот дух. Амин!

Селектирано:

ФИЛИМОН 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност