Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 19:1-22

Броеви 19:1-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: „Еве ја наредбата на законот што Господ ја заповеда, кога рече: јави им на синовите израелски да ти доведат црве­никава јуница, здрава, без недостаток, која не била впрегнувана; дајте ја на свештеникот Елеазар, и да ја изведат надвор од населбата, и да ја заколат пред него. И нека земе свештеникот Елеазар од крвта нејзина и нека попрска со неј­зи­ната крв седумпати пред скинијата на собранието. И потоа да ја изгорат пред очите негови: и кожата нејзина, и месото неј­зино, и крвта, а и нечистотиите нејзини – да ги изгорат. И свештеникот да земе кедрово дрво, и исоп, и нишка од темноцрвена волна и да ги фрли во средината на огнот каде што гори јуницата. А свештеникот да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода, а потоа да влезе во населбата, и свештеникот ќе биде нечист до вечерта. И оној, кој ја изгорел, да ја испере облеката своја со вода, и да го измие телото свое со вода, и да биде нечист до вечерта. А некој чист да ја собере пепелта од јуницата и да ја остави надвор од населбата на чисто место, и таа да се чува за општеството на синовите израелски, за приготвување очистителна вода. Тоа е жртва за грев. И оној што ја собрал пепелта од јуницата, да ја испере облеката своја, и да биде нечист до вечерта. Тоа нека биде вечно озаконување за синовите на Израел и за придојдените што живеат меѓу нив.“ „Оној што ќе се допре до мртво тело на кој и да било човек, да биде нечист седум дена: тој треба да се очисти со таа вода на третиот ден и на седмиот ден, и ќе биде чист; ако, пак, не се очисти на третиот и на седмиот ден, нема да биде чист. Секој што се допрел до мртво тело на кој и да било умрен човек и не се очистил, ќе ја оскверни скинијата Гос­подова; тој човек да се истреби од народот на Израел, зашто не е попрскан со вода за очистување; тој е нечист: нечистотата негова е сѐ уште на него. Еве го законот: ако човек умре до­ма, тогаш секој што ќе влезе во домот, и сѐ што е во него, да биде нечисто седум дена; секој откриен сад, незаврзан и непокриен, е нечист. Секој што ќе се допре в поле до убиен, или до умрен, или до човечка коска, или до гроб, да биде нечист седум дена. За нечистиот да земат пепел од онаа изгорена жртва за грев и да ја полеат со изворска вода во сад. И некој чист нека земе исоп и нека го потопи во вода и да го попрска домот и сите садови и луѓе што ќе се најдат таму, и оној што се допрел до човечка коска, или до убиен, или до умрен, или до гроб; и чистиот да го попрска нечистиот на третиот и на седмиот ден и во седмиот ден тој ќе се очисти; и да ја испере облеката своја, и да се измие со вода, и до вечерта ќе биде чист. Ако некој се оскверни и не се очисти, тој човек да се истреби од народот, зашто тој го осквернил светилиш­тето Господово: тој не е испрскан со вода за очистување: нечист е. Тоа нека ви биде вечна наредба. И оној, кој прска со вода за очистување да ја испере облеката своја; и оној кој се допрел до вода за очистување, да биде нечист до вечерта. И сѐ, до што ќе се допре нечистиот, да биде нечисто; и човек кој се допрел, ќе биде нечист до вечерта.“

Броеви 19:1-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ им рече на Мојсеја и Арона: „Ова е законска одредба што Господ ја нареди: Кажи им на Израелевите синови нека ти доведат црвена јуница, здрава, на која нема недостатоци и врз која уште не е ставено јарем. А вие предајте ја на свештеникот Елеазар. Потоа нека ја изведат надвор од логорот и нека ја заколат пред него. Свештеникот Елеазар нека земе од нејзината крв на својот прст па со неа нека попрска седумпати кон предната страна на Шаторот на средбата. Потоа јуницата нека биде запалена пред неговите очи; нека ѝ ги изгорат: кожата, месото, крвта и нечистотата. Потоа свештеникот нека земе кедрово дрво, босилек и црвено предено и нека ги фрли во средината на огнот, каде гори јуницата. Свештеникот нека ја испере својата облека и нека го искапе своето тело во вода. Потоа свештеникот нека се врати во логорот, но нека биде нечист до вечерта. И оној што ја изгорел нека ја испере својата облека и нека го искапе своето тело во вода и нека биде нечист до вечерта. А еден чист човек нека ја собере пепелта од јуницата па да ја стави надвор од логорот на чисто место, да се чува за водата на очистување за израелската заедница. Тоа е жртва за грев. И оној кој ќе ја собере пепелта од јуницата нека ја испере својата облека, и нека биде нечист до вечерта. Тоа нека биде вечен закон и за Израелевите синови и за странците, кои живеат среде нив.“ „Кој ќе се допре до мртво човечко тело, нека биде нечист седум дена. Таквиот нека се измие со таа вода на третиот и на седмиот ден, па ќе биде чист. Ако не се измие на третиот ден и на седмиот ден, нема да биде чист. Кој ќе се допре до мртовец, до тело на умрен човек, а не се измие, го осквернува Господовиот Шатор. Таквиот нека биде истребен од Израел. Бидејќи не беше полиен со вода за очистување; нечист е; неговата нечистота е на него.“ „Ова е закон кога некој ќе умре во шатор: секој кој ќе влезе во шаторот и секој кој е во шаторот, нека биде нечист седум дена. Секој отворен сад што не ќе биде покриен со поклопец, нека биде нечист. А на отворено поле, кој ќе се допре до загинат од меч, или до мртовец, или до човечки коски, или до гроб, нека биде нечист седум дена. За оној што станал нечист нека биде земена пепел од животното изгорено во жртва за грев, и - во некаков сад - нека налеат врз неа жива вода. Тогаш чист човек нека земе босилек, нека го накваси во водата и нека ги попрска: шаторот, сите садови, луѓето кои беа тука и оној, кој се допрел до коските или до убиениот или до умрениот или до гробот. Чистиот човек нека го попрскува нечистиот на третиот и на седмиот ден. Така ќе го очисти на седмиот ден. Тогаш тој нека ја испере својата облека, нека се измие во водата и нека биде чист навечер.“ „А ако некој биде нечист и не се очисти, нека биде истребен од општеството зашто го онечистил Господовото светилиште; не бил полиен со вода за очистување; нечист е! И ова нека им биде вечен закон: и оној кој прскаше со водата за очистување, нека ја испере својата облека; и оној што ја допрел водата за очистување, нека биде нечист до вечерта. До што и да се допре нечистиот нека биде нечисто; а човекот што ќе се допре до него, нека биде нечист до вечер.“