Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 19

19
За водата од пепелта на црвената јуница
1 # 31,23; Евр 9,13 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: 2#3 Мојс 22,19-25; 5 Мојс 21,3; 1 Сам 6,7„Еве ја наредбата на законот што Господ ја заповеда, кога рече: јави им на синовите израелски да ти доведат црве­никава јуница, здрава, без недостаток, која не била впрегнувана; 3#2 Мојс 29,14; 3 Мојс 4,12; Евр; 13,11-14дајте ја на свештеникот Елеазар, и да ја изведат надвор од населбата, и да ја заколат пред него. 4#3 Мојс 4,17И нека земе свештеникот Елеазар од крвта нејзина и нека попрска со неј­зи­ната крв седумпати пред скинијата на собранието. 5#2 Мојс 29,14И потоа да ја изгорат пред очите негови: и кожата нејзина, и месото неј­зино, и крвта, а и нечистотиите нејзини – да ги изгорат. 6#3 Мојс 14,4-6И свештеникот да земе кедрово дрво, и исоп, и нишка од темноцрвена волна и да ги фрли во средината на огнот каде што гори јуницата. 7А свештеникот да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода, а потоа да влезе во населбата, и свештеникот ќе биде нечист до вечерта. 8И оној, кој ја изгорел, да ја испере облеката своја со вода, и да го измие телото свое со вода, и да биде нечист до вечерта. 9#3 Мојс 4,12А некој чист да ја собере пепелта од јуницата и да ја остави надвор од населбата на чисто место, и таа да се чува за општеството на синовите израелски, за приготвување очистителна вода. Тоа е жртва за грев. 10#3 Мојс 14,46; 15,10И оној што ја собрал пепелта од јуницата, да ја испере облеката своја, и да биде нечист до вечерта. Тоа нека биде вечно озаконување за синовите на Израел и за придојдените што живеат меѓу нив.“
Закон за очистувањето
11 # 3 Мојс 8,33; 21,1; Агеј 2,13 „Оној што ќе се допре до мртво тело на кој и да било човек, да биде нечист седум дена: 12тој треба да се очисти со таа вода на третиот ден и на седмиот ден, и ќе биде чист; ако, пак, не се очисти на третиот и на седмиот ден, нема да биде чист. 13#3 Мојс 15,31; 21,11; Агеј 2,13; Пс 79,1; 2 Лет 36,14Секој што се допрел до мртво тело на кој и да било умрен човек и не се очистил, ќе ја оскверни скинијата Гос­подова; тој човек да се истреби од народот на Израел, зашто не е попрскан со вода за очистување; тој е нечист: нечистотата негова е сѐ уште на него. 14Еве го законот: ако човек умре до­ма, тогаш секој што ќе влезе во домот, и сѐ што е во него, да биде нечисто седум дена; 15секој откриен сад, незаврзан и непокриен, е нечист. 16Секој што ќе се допре в поле до убиен, или до умрен, или до човечка коска, или до гроб, да биде нечист седум дена. 17За нечистиот да земат пепел од онаа изгорена жртва за грев и да ја полеат со изворска вода во сад. 18#3 Мојс 14,4-5; 5 Мојс 21,1-9И некој чист нека земе исоп и нека го потопи во вода и да го попрска домот и сите садови и луѓе што ќе се најдат таму, и оној што се допрел до човечка коска, или до убиен, или до умрен, или до гроб; 19#1 Мојс 35,2; Ез 36,25; Евр 10,22и чистиот да го попрска нечистиот на третиот и на седмиот ден и во седмиот ден тој ќе се очисти; и да ја испере облеката своја, и да се измие со вода, и до вечерта ќе биде чист. 20#3 Мојс 15,31Ако некој се оскверни и не се очисти, тој човек да се истреби од народот, зашто тој го осквернил светилиш­тето Господово: тој не е испрскан со вода за очистување: нечист е. 21Тоа нека ви биде вечна наредба. И оној, кој прска со вода за очистување да ја испере облеката своја; и оној кој се допрел до вода за очистување, да биде нечист до вечерта. 22#3 Мојс 5,2И сѐ, до што ќе се допре нечистиот, да биде нечисто; и човек кој се допрел, ќе биде нечист до вечерта.“

Селектирано:

Броеви 19: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност