Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 8:1-10

Марко 8:1-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Набргу потоа, многуброен народ одново се насобра околу Исус. Луѓето не носеа храна со себе, па Исус ги повика Своите ученици и им рече: „Жал ми е за луѓево; веќе три дена постојано се со Мене, а немаат храна. Некои од нив живеат далеку и ако ги пуштам да си одат гладни, ќе премалат по патот!“ Учениците Му одговорија: „Местово е пусто; каде ќе најдеме храна да нахраниме толку народ!?“ „Колку леба имате?“ - ги праша Исус. „Седум леба“ - одговорија тие. Откако Исус го поседна народот по земјата, ги зеде седумте леба и ги благослови. Потоа ги раскрши на парчиња и им ги подаваше на учениците да му ги разделуваат на народот. Имаа и малку риби и откако Исус ги благослови и нив, им рече на учениците да им ги разделат на луѓето. Сите се најадоа до наситување, а собраа и седум кошници остатоци од храната. Присутните беа на број околу четири илјади души. По ова, Исус го испрати народот да си оди. Веднаш потоа, придружуван од Своите ученици, Исус се качи на едно бротче и отплови во месноста Далманута.

Марко 8:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Во тие дни, кога се беше собрал многу народ и немаше што да јадат, Исус ги повика учениците Свои и им рече: „Ми е жал за народот, зашто веќе три дни стојат кај Мене и нема што да јадат. Ако ги пуштам да си одат гладни по куќите нивни, ќе премалеат по патот, зашто некои се дојдени оддалеку.“ Учениците Му одговорија: „Од каде може човек сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустинава?“ И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум.“ Тогаш му заповеда на народот да по­седне по земјата; па, откако ги зеде се­думте лебови, заблагодари, ги раскрши и им ги даде на учениците Свои да ги разделат; и тие ги разделија на народот. Имаа и малку риби; ги благослови и заповеда да ги раздадат и нив. И јадеа, и се наситија; и собраа се­дум кошници останати парчиња. А оние, што јадеа, беа околу четири илјади души. И ги пушти да си одат. И веднаш влезе во кораб со уче­ни­ците Свои и дојде во пределите Дал­ма­нутски.

Марко 8:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во тие дни, кога пак се собра големо множество и немаа што да јадат, ги повика Своите ученици и им рече: “Жал ми е за народот, зашто веќе три дни се постојано покрај Мене и нема што да јадат. Ако ги распуштам гладни по нивните куќи, ќе премалеат по патот, зашто некои од нив се дојдени оддалеку.“ И Неговите ученици Му одговорија: „Откаде може некој да ги насити со лебови, тука во пустината?“ И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие рекоа: „Седум“. Тогаш му заповеда на народот да прилегне на земјата. И ги зеде седумте лебови, заблагодари и ги раскрши, и им даваше на Своите ученици да ги стават, и тие ги ставија пред мно-жеството. Имаа и малку рипчиња. И кога ги благослови, заповеда да ги стават и нив. И јадеа и се наситија, и дигнаа седум кошници останати парчиња. А беа околу четири илјади; и ги распушти. И веднаш влезе во кораб со Своите ученици, и дојде во околината на Далманута.