Марко 10:46 - Compare All Versions
Марко 10:46 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Исус и Неговите ученици пристигнаа во градот Јерихо. На излегување од градот многуброен народ одеше по нив. Покрај патот седеше еден слеп питач, по име Бартимеј - син на Тимеј.
Сподели
Марко 10 MNTМарко 10:46 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Потоа пристигнаа во Ерихон. И кога излегуваше Исус од Ерихон со учениците Свои и со многу народ, Тимеевиот син, Вартимеј, кој беше слеп, седеше покрај патот и просеше.
Сподели
Марко 10 MK2006Марко 10:46 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И дојдоа во Ерихон. А кога излегуваше од Ерихон, со Своите Ученици и со големо множество, Вартимеј, Тимеевиот син, слеп просјак, седеше покрај патот.
Сподели
Марко 10 MKB