Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 10

10
Брак и развод
1И стана оттаму и дојде во пределите на Јудеја, од онаа страна на Јордан; и пак народот Му се придружи, а Тој ги поучу-ваше, според Својот обичај. 2И Му пристапија фарисеите и Го пра-шаа, за да Го искушуваат: „Дозво-лено ли му е на мажот, да ја остави жената?“ 3А Тој им одговори и рече: „Што ви заповеда Мојсеј?“ 4Тие рекоа: „Мојсеј дозволи да ѝ се напише разводно писмо и да се остави.“ 5Но Исус им рече: „Зара-ди вашето кораво срце - тој ви ја напиша таа заповед. 6Но, во почетокот на создавањето, Бог ги создаде: машко и женско. 7Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до жена си; 8и двајцата ќе бидат едно тело. И така, не се веќе две - а едно тело. 9И така, Бог што соединил, чове-кот да не раздвојува. 10И дома, учениците пак го прашаа за тоа. 11И Тој им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, прави прељуба спрема неа. 12И ако таа го напушти мажот и се омажи за друг, прави прељуба.
13И Му донесуваа дечиња, за да ги допре, а учениците ги укоруваа. 14А кога Исус го виде тоа, негодуваше и им рече: „Оставете ги дечињата да дојдат при Мене; не им бранете; зашто на таквите им припаѓа Божјото Царство! 15Ви-стина ви велам, кој не го прима Божјото Царство како мало дете, нема да влезе во него.“ 16И ги прегрна и ги благослови, положувајќи ги рацете врз нив.
Богат младич
17И кога излегуваше на пат, некој притрча, клекна пред Него и Го праша: „Добар Учителе, што да правам, за да наследам вечен живот?“ 18А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар! Никој не е добар освен Единиот Бог. 19Ги знаеш заповедите: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почи-тувај ги татка си и мајка си!“ 20Но тој Му одговори: „Учителе, сето тоа го пазев од својата младост.“ 21А Исус го погледна, го возљуби и му рече: „Едно не ти достига: оди, продај сѐ што имаш, и дај им на сиромасите и ќе имаш сокровиште на небото! И дојди, земи го крстот и следи Ме!“ 22А тој се натажи од тој збор и си отиде жалејќи, зашто имаше многу имоти.
23И Исус погледна наоколу и им рече на Своите ученици: „Колку тешко ќе влезат богатите во Божјото Царство!“ 24А учениците се зачудија од Неговите зборови. Но Исус пак проговори и им рече: „Чеда, колку е тешко да влезат во Божјото Царство, оние кои се надеваат на богатство! 25Полесно ѝ е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!“ 26А тие се зачудија уште повеќе, велеј-ќи си еден на друг: „Тогаш, кој може да се спаси?“ 27Исус ги погледна и им рече: „За луѓето тоа е невозможно, но за Бога не е; зашто за Бога сѐ е можно!“ 28Петар почна да Му зборува: „Гледај, ние оставивме сѐ и одиме по Тебе!“ 29Исус пак одговори и рече: „Вистина ви велам: нема никој, кој ќе остави куќа или браќа, или сестри, или мајка или татко, или деца, или ниви, заради Мене и заради Евангелието, 30а да не прими, сега стократно, во ова време: куќи, и браќа, и сестри, и мајки, и деца и ниви - заедно со гонењата - а во идниот век: вечен живот. 31Но мнозина први ќе бидат последни, а последните - први.“
Исус по третпат ги претскажува Својата смрт и Воскресението
32А кога беа на пат искачувајќи се за Ерусалим, Исус одеше пред нив, и се чудеа; а оние кои одеа по Него се боеја. И пак ги собра Дванаесет-мината и почна да им кажува што ќе Му се случи: 33“Ете, одиме горе во Ерусалим и Човечкиот Син ќе биде предаден на главните свеште-ници и на книжниците и ќе Го осудат на смрт, и ќе Го предадат на многубошците; 34и ќе Го исмеат, ќе Го плукаат, ќе Го бичуваат и ќе Го убијат, а Тој по три дни ќе воскресне.“
Зеведеевите синови бараат први места
35И Му пристапија Јаков и Јован, Зеведеевите синови, и Му рекоа: „Учителе, сакаме да ни сториш, што ќе побараме од Тебе.“ 36Тој ги праша: „Што сакате да ви направам?“ 37Тие пак Му рекоа: „Дај ни да седнеме еден оддесно, а еден одлево, до Тебе во Твојата слава!“ 38А Исус им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што Јас ја пијам или да се крстите со крштавањето со кое Јас се крштавам?“ 39Тие Му одговорија: „Можеме!“ Но Исус им рече: „Ќе ја пиете чашата што Јас ја пијам и ќе бидете крстени со крштавањето со кое Јас се кршта-вам; 40но да се седне оддесно или одлево до Мене, тоа не го давам Јас, а ќе им се даде на оние, за кои е приготвено.“ 41А Десетмината кога чуја, почнаа да негодуваат против Јакова и Јована. 42Но Исус ги повика при Себе и им рече: „Знаете дека оние, кои се сметаат за владетели на народите - господарат над нив; и дека нивните големци имаат власт над нив. 43Но меѓу вас не е така; а кој сака да биде голем меѓу вас нека ви биде слуга! 44А кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга на сите, 45зашто и Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина!“
Исцелување на слепиот Вартимеј
46И дојдоа во Ерихон. А кога излегуваше од Ерихон, со Своите Ученици и со големо множество, Вартимеј, Тимеевиот син, слеп просјак, седеше покрај патот. 47И штом чу дека тоа е Исус Назарее-цот, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“ 48А мнозина му се закануваа да молчи, но тој викаше уште посилно: „Давидов сине, смилувај ми се!“ 49Исус застана и рече: „Повикајте го!“ И го повикаа слепецот и му рекоа: „Не бој се! Стани, те вика!“ 50А тој ја фрли својата наметка, скокна и дојде при Исуса. 51Исус пак проговори: „Што сакаш да ти сторам?“ А слепецот Му одговори: „Учителе, да прогледам!“ 52Тогаш Исус му рече: „Оди си - твојата вера те спаси!“ И веднаш прогледа и тргна по Него, по патот.

Селектирано:

МАРКО 10: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност