Матеј 1:22-25
Матеј 1:22-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А сето ова се случи за да се исполни она што Господ го беше кажал преку пророкот Исаија: „Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син; и ќе го наречат Имануел, што во превод значи ,Бог е со нас.‘“ Кога стана од спиење, Јосиф постапи така како што му беше наредил ангелот Господов, и ја зеде Марија за своја жена. Но Јосиф ја запази Марија како девица, си додека таа не роди Син, на кој тој Му даде име Исус.
Матеј 1:22-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господ преку пророкот, кој вели: „И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“ Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја зеде својата жена. И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот Син и Го нарече Исус.
Матеј 1:22-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А сето тоа стана за да се исполни она, што Господ го рече преку пророкот, кој вели: “Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: „Бог со нас!“ А кога Јосиф се разбуди од сонот, направи како што му заповеда Господовиот ангел, ја зеде својата жена. И не ја позна, додека таа не Го роди нејзиниот Син, Првородениот; и тој Го нарече Исус.