Матеј 1:21-23
Матеј 1:21-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Таа ќе роди Син на кој ќе Му дадеш име Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од неговите гревови.“ А сето ова се случи за да се исполни она што Господ го беше кажал преку пророкот Исаија: „Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син; и ќе го наречат Имануел, што во превод значи ,Бог е со нас.‘“
Матеј 1:21-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“ А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господ преку пророкот, кој вели: „И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“
Матеј 1:21-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Таа ќе роди Син и ти ќе Му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови.“ А сето тоа стана за да се исполни она, што Господ го рече преку пророкот, кој вели: “Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: „Бог со нас!“