Матеј 1:1-6
Матеј 1:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Извештај за родословието на Исус, Месијата потомок на царот Давид, кој, пак, е потомок на Авраам: Од Авраам се роди Исак, од Исак се роди Јаков, од Јаков се родија Јуда и неговите браќа, од Јуда и жена му Тамара се родија Перец и Зера, од Перец се роди Хецрон, од Хецрон се роди Рам, од Рам се роди Аминадав, од Аминадав се роди Нашон, од Нашон се роди Салмон, од Салмон и жена му Рахав се роди Боаз, од Боаз и жена му Рута се роди Овед, од Овед се роди Јишај, од Јишај се роди царот Давид. Од Давид и поранешната жена на Урија се роди Соломон
Матеј 1:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Книга за родословот на Исус Христос, син Давидов, син Авраамов. Авраам го роди Исак, Исак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа; Јуда ги роди Фарес и Зара, со Тамара; Фарес го роди Есром, а Есром го роди Арам; Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Салмон; Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Јесеј; Јесеј го роди царот Давид, а царот Давид со поранешната жена на Урија го роди Соломон
Матеј 1:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Книга на родословот на Исуса Христа, син Давидов, син Авраамов: На Авраама му се роди Исак, на Исака му се роди Јаков, на Јакова му се родија Јуда и неговите браќа. На Јуда му се родија Фарес и Зара од Тамара, на Фареса му се роди Есром, а на Есрома му се роди Арам, на Арама му се роди Аминадав, на Аминадава му се роди Насон, на Насона му се роди Салмон; на Салмона му се роди Вооз од Рава, на Вооз му се роди Овид од Рута, на Овида му се роди Јесеј; на Јесеја му се роди цар Давид. На цар Давид му се роди Соломон од Уриевата жена.