Малахија 1:6-7
Малахија 1:6-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Синот го почитува татко си, а робот – господарот свој; а ако сум Јас Татко, тогаш каде е почитта кон Мене? И ако сум Јас Господ, тогаш каде е стравот пред Мене – вели Господ Саваот; вие свештениците, кои го презирате името Мое, велите: во што го презираме името Твое? На жртвеникот Мој вие принесувате опоганет леб, а велите, со што Те осквернуваме? – Со тоа што велите: трпезата Господова не заслужува почитување.
Малахија 1:6-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Синот го почитува таткото, а слугата господарот. Но ако Сум Јас Татко, каде е почитувањето кон Мене? Ако Сум Господар, каде е стравот од Мене? Тоа ви говори Господ над Воинствата вам, свештеници, кои го презирате Моето име, а прашувате: ‘Со што го презревме Твоето име?’ Принесувате обесветен леб врз Мојот жртвеник и уште прашувате: ‘Со што Те обесветивме?’ Со тоа што велите: ‘Господовиот стол е неважна работа!’