Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Малахија 1

1
1Пророштво. Господово слово до Израел преку Малахија.
2„Ве љубев вас - зборува Господ, а вие прашувате: ‘ Во што нè љубеше?’ Не беше ли Исав брат Јаковов? - говори Господ -
3но го возљубив Јакова, а Исава го замразив: му ги претворив градовите во пустина, а неговото наследство им го дадов на пустинските шакали.”
4Зашто, ако Едом рече: „Бевме здробени, но пак ќе ги подигнеме урнатините!” Господ над Војските говори вака: „Тие нека градат, а Јас ќе разградувам! Ќе ги наречат безбожничка земја и народ, на кого Господ се срди довека!
5Вашите очи ќе видат, и ќе речете: ‘ Господ да се возвеличи, преку границите на Израелевата Земја.’
6Синот го почитува таткото, а слугата господарот. Но ако Сум Јас Татко, каде е почитувањето кон Мене? Ако Сум Господар, каде е стравот од Мене? Тоа ви говори Господ над Воинствата вам, свештеници, кои го презирате Моето име, а прашувате: ‘ Со што го презревме Твоето име?’
7Принесувате обесветен леб врз Мојот жртвеник и уште прашувате: ‘ Со што Те обесветивме?’ Со тоа што велите: ‘ Господовиот стол е неважна работа!’
8А кога за жртва принесувате слеп добиток, зар тоа не е зло? И кога принесувате хромо и болно зар тоа не е зло? Донеси му нешто такво на својот намесник, дали ќе биде задоволен и дали ќе те прими добро? - говори Господ над Воинствата.
9Сега, помолете се на Бога за да ни се смилува. Тоа го донесуваат вашите раце, дали ќе ве прими добро? - зборува Господ над Војските.
10О, кога некој од вас би ја затворил вратата, за да не Ми палите напразно оган врз жртвеникот! Не сте Ми мили - говори Господ над Воинствата - и не примам жртва од вашите раце.
11Зашто од исток до запад, велико ќе биде Моето Име меѓу народите, и на секое место ќе се принесува темјан и чиста жртва на Моето Име меѓу народите - говори Господ над Воинствата.
12Но, вие го осквернувате кога зборувате: ‘ Господовиот стол не е почитуван и храната врз него не е за ништо!’
13Уште велите: ‘ Ете штета на трудот!’ и го презирате - говори Господ над Војските. Кога доведувате ограбена, хрома и болна стока, та ја принесувате како жртвен дар, зар да го примам тоа милостиво од вашата рака? - говори Господ над Воинствата.
14Проклет да е измамникот, кој во стадото има овен, што Ми го заветувал, а Ми жртвува јалова овца. Зашто Јас Сум Велик Цар - зборува Господ над Воинствата. - и Моето Име е страшно меѓу народите.

Селектирано:

Малахија 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност